Категории

9 “амерички” јадења кои всушност не потекнуваат од Америка

Во земја како Соединетите Американски Држави во која живеат многу имигранти, тешко е да се одреди која храна потекнува од таму. Некои од нашите омилени јадења – бургери, хот дог и крофни имаме чувство дека потекнуваат токму од таму, но вистината е поинаква.

Ова е листа од девет оброци за кои се мисли дека се создадени во Америка, а всушност имаат потекло од други земји:

1. Хамбургер – Германија

Самото име на овој вкусен сендвич кажува дека потекнува од Хамбург, Германија, но сепак својата “слава” ја достигнува во Америка, па затоа многумина мислат дека таа е неговата земја на потекло.

2. Крофни – Холандија

Крофни и кафе е омилениот американски појадок, но всушност првите крофни се направени преку океанот во Холандија.

3. Хот дог – Германија и Австрија

Доколку ги разгледаме имињата на оваа храна – франкфуртки и Виена колбас – ќе сфатиме од каде потекнуваат овие колбаси: Франкфурт, Германија и Виена, Австрија.

4. Кечап – Кина

Да, кечапот потекнува од Кина и всушност започнал како сос од риба. Откако го вкусиле британските војници кои престојувале во Кина, почнале да го експортираат во својата земја. Дури во деветнаесетиот век започнува додавањето на домати во кечапот.

5. Кисели краставички – Месопотамија

Киселите краставички постојат илјадници години. Дури се зборува дека и Клеопатра ги обожувала. Но, секако американците дошле до идејата да ги сервираат краставичките и во бургери, хот дог и секаков вид на сендвичи.

6. Пржено пилешко – Кина, Средниот Исток и Западна Африка

Ова јадење е омилено насекаде во светот. Пилешкото најпрво го пржеле за да го омекнат месото од постарите кокошки, а сега со оглед на тоа дека е едно од најпопуларните храни се приготвува на најразлични начини.

7. Пита од јаболко – Англија

Англија е позната по убавите пити, а една од нив е питата со јаболко. Првиот рецепт познат на јавноста е направен во 1381 година. Секако, овој најстар рецепт кој содржел и суво грозје, шафран и круша, е многу поразличен од денешниот рецепт кој се служи во Америка.

8. Сенф – Романија

Иако Египјаните се сметаат за пронаоѓачи за семето на сенфот, се верува дека Романците се тие кои го претвориле во паста. Сите сме благодарни за тоа, бидејќи хот догот не би бил тоа што е денес без сенф.

9. Путер од кикирики – Ацтеките

Од целава листа, ништо не звучи поамерички од путерот од кикирики. Но, најпрво во путерот од кикирики уживале Ацтеките, а за процесот на производство и машините кои се користат да се направи тоа се заслужни повеќе народи – најмногу Американците, но исто така и Канаѓаните.

 

 

 

Прегледи:
1179
Објавено на:
30.06.2017