Категории

Зошто не треба да ја фрлате кората од портокал? 

Многумина не знаат за придобивките кои ги има кората од портокал и секога ја фрлаат, а уште од античко време кората од портокал била вреднувана поради нејзините медицински својства и здравствени придобивки. Зошто не треба да ја фрлате кората од портокал? 

Кората од портокал е богат извор на растителни влакна

Во 100 гр. кора има 10,6 гр. на влакна. Растителните влакна овозможуваат здрав систем за варење, го регулираат нормалното празнење на цревата вклучувајки појава на запек , гас и
надуеност

Кората од портокал содржи висок процент на витамин Ц

Овој витамин игра голема улога во јакнењето на имунолошкиот систем и не прави поотпорни на вируси и настинки. Кората од портокал изобилува со калциум Калциумот е важен минерал кој има клучна улога во здравјето на коските, здравјето на срцето, мускулите, нервите и забите. Во 100 гр. кора од портокал има 161 мг. калциум.

Кората од протокал богата и со флавоноиди

За флавоноидите се знае дека се корисни по здравјето. Со најголема концентрација во кората е хесперидинот, соединение со антиоксидативни, антибактериски, антигабични, антивирусни, антиканцерогени и аналгетски својства. Џвакање на кора од портокал може да помогне во ублажувањето на лош здив

Смеса од кора од пртокал и сол во вода што врие 20 минути може да ги намали класичните симптоми на мамурлакот (главооболка, вртоглавица, нагони на повраќања итн).

Кора од портокал за нега на лице и кожа

Кората од портокал е благодет за нега на лицето и кожата( ги намалува темните кругови под очите, ги затега порите, штити од акни итн). Комбинација на кора од портокал со кисело млеко на вашето лице ќе му подари свеж, одморен и ведар изглед со екстра младешки сјај.

Прегледи:
607
Објавено на:
03.07.2017