Категории

Приказна за шимпанзото Вашо која го остави светот без зборови

Шимпанзото Вашо, женка, била одведена од дивината кога била убиена мајка ѝ. Ја посвоиле доктор Ален и Беатрикс Гарднер. Додека престојувала кај нив научила самата да се облекува, да си мие заби и да игра различни игри.

Вашо научила и знаковен јазик и тоа за многу кратко време. Таа е првото шимпанзо кое ја разби јазичната бариера и кое знае околу 35 човечки зборови.

Еен ден Вашо била тажа, зашто двојката која ја чувала не се појавила дона некое време. Кога Кет се вратила дома по неколку дена, ѝ кажала на Вашо зошт не била дома – имала спонтан абортус и го изгубила бебето.

Кога со знаковен јазик Кет ѝ кажала на Вашо „умре моето бебе“, Ваѓо прво ја погледнала, а потоа го спуштила погледот. Потоа полека го вратила погледот кон Кет и со знак ѝ го покажала зборот „плач“, ја допрела за образот и со прст преминала преку него како да покажува солза што се слева.

И Вашо изгубила бебиња. Едно угинало веднаш по раѓањето поради проблеми со срцето, а друго еден месец по раѓањето поради фатални инфекции. По смртт на младенчињата, истражувачи решиле Вашо да одгледа младенче, па ѝ го донеле десетмесечниот Лулис. Еден од чуварите отишол кај Вашо  и ѝ рекол: „Имам бебе за тебе“.

Вашо многу се возбудила, почнала да испушта гласни звуци, да скока, а потоа покажала „мое бебе“. Кога ѝ го донеле Лулис, нејзината возбуда нагло спласнала, одбила да го подигне Лулис. На научниците им било јасно дека Вашо мислела дека ќе ѝ вратат едно од нејзините бебиња. Сепак, со текот на времето се се зближиле и му станала посветена мајка.
Уште поинтересно е дека почнала да го учи на знакове јазик. Лулис брзо напредувал и научил да комуницира со луѓето исто како Вашо.

Вашо угинала во 2007 година на 42 години, опкружена со многу љубов.

Прегледи:
437
Објавено на:
17.07.2017