Категории

Штета што ги учиме прекасно: 5 животни лекции кои вредат повеќе од се

,,Што се парите?Човекот е успешен ако стане од кревет наутро и оди на спиење навечер, а времето помеѓу прави што сака”, рекол Боб Дилан

  1. Перцепцијата е реалност

Начинот на кој го разбирате светот, директно влијае на вашите верувања и на вашиот живот. Затоа е важна вистината и важно е знаењето. Што повеќе учите и знаете, подобро ќе го разбирате светот и она што Ви се случува. Учењето и откривањето е важно. Како ќе го научите она што не го знаете? Почнете да се прашувате: Зошто тоа не го знам, зошто не можам да го разберам? Она што е исто така важно е да разберете дека е во ред да погрешите. Во грешките е напредокот.

  1. Се` е привремено

Привремени се и добрите и лошите моменти во животот. Затоа, кога ќе имате добри моменти, уживајте и бидете благодарни. Кога ќе поминувате низ тежок период, знајте дека ќе помине. Животот е полн со успеси и падови, заплети и изненадувања. Забораваме дека поентата на животот е ,,во патувањето”, а не во дестинацијата. Во се` постои поука.

  1. Важноста на ,,присутноста”

,,Ако сте депресивни, живеете во минатото. Ако сте анксиозни, живеете во иднината. Ако сте во мир со себе, живеете во сегашноста”- Лао Це. Многу е тешко да се грижите за иднината, а да бидете присутни во сегашноста. Моментите се претвораат во спомени. Уживајте во моментот. Доцна сфаќаме дека грижата не е продуктивна, како ни живеењето во минатото. Само ни одзема премногу енергија, која може да ја насочиме кон сегашноста

  1. Работете го она што го сакате, сакајте го она што го работите

Боб Дилан рекол: ,,Што се парите? Човекот е успешен ако стане од кревет наутро и оди на спиење навечер, а времето помеѓу прави што сака”

Работата е еден од поважните животни аспекти, па ако не сме задоволни со кариерата, тоа ќе се одразува и на другите аспекти на животот. Ништо не е совршено, но важно е да работиме на себе и да си поставуваме достижни цели. И најважно од се – да инвестираме во себе, што не се однесува секогаш на работата. Од која навика сакате да се ослободите? Со кои вештини би сакале да се стекнете? Важно е внимателно да ги бирате луѓето кои ќе Ве опкружуваат и активностите со кои го исполнувате денот. Информациите се како храна за Вашиот мозок, бидете внимателни околу тоа со што се ,,храните” себе.

 

  1. За да бидете среќни треба да работите на себе

Најсреќните луѓе се оние кои најмногу работат на себе. За да бидете среќни треба многу работа. Кога ќе ја превземете контролата над својот живот и кога ќе одлучите да не бидете жртва, кога ќе станете независни, ќе станете и посреќни. Еден од најчестиот начин да бидете несреќни е да се споредувате себе со другите. А, тоа денес е полесно од кога било – лажни слики за ,,среќен и успешен живот”  се секаде околу нас – Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб. Лесно е да паднете во стапица и да помислите – Јас тоа го сакам или сакам да бидам таков. Затоа, гледајте се само себе и околностите со кои се борите. Вежбајте да бидете среќни, тоа се учи и на тоа се работи.

Прегледи:
543
Објавено на:
22.07.2017