Категории

Направете пица која не дебелее

Иако самиот збор пица не асоцира на зачинета, масна и нездрава храна преполна со калории, сепак постои и пица која е хранлива и не дебелее.

Станува збор за протеинска пица, богата со нискокалорични нутритивни вредности и протеини, која кога еднаш ќе ја пробате сигурно ќе стане вашето омилено јадење.

Протеинската пица по составот на тестото е слична со протеинскиот леб, овозможувајќи им на консументите висок процент на протеини, а многу мал процент на јаглехидрати. Со висок процент на омега-3 масни киселини збогатен со растителни влакна, протеинската пица е идеален производ кој пицата ја класифицира во категорија на здрава храна. Иако е богата со протеински вредности, производот не губи на гурманскиот богат вкус.

Тестото се состои од вода, протеин (пченичен протеин и протеин од соја), ленено семе, сончоглед, сојно брашно, пченкарно брашно, емулгатор на лецитинот во сојата, регулатор на киселоста и натриумдиацетат.

Прегледи:
604
Објавено на:
01.08.2017