Категории

Да навиваме за Манчестер Јунајтед во Кафе Сидро

Фудбалската треска е сè поприсутна како помеѓу граѓаните на Скопје, така и низ целиот регион.

Тоа не е ни малку зачудувачки бидејќи за фудбалот се вели дека е најважната споредна работа во светот, а тоа ни го потврдува и моменталната атмосфера во нашиот главен град.

На само неколку денови до натпреварот помеѓу светските клубови Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалот од споредна со сигурност прерасна во главна тема и преокупација. Скопје, како домаќин се подготвува да се покаже во најдобро светло и да ги исполни сите очекувања како на домашните така и на странските посетители.

Поради ограничениот број на билети за натпреварот, потребно е да се создаде навивачка атмосфера и во сите локали низ градот, за да се долови барем приближно еуфоријата која ќе владее на осми овој месец.

За таа цел, доколку сте страстен навивач на англискиот клуб Манчестер Јунајтед, а не успеавте да добиете билет за натпреварот, не очајувајте бидејќи во Kафе Сидро сè ќе биде во знакот на црвената боја за да можете достоинствено и еуфорично да го бодрите омилениот тим, со атмосфера создадена да се почувствувате дека сте дел од “црвените ѓаволи”.

Посетете го Кафе Сидро и навивајте за Манчестер Јунајтед, а за сè останато дозволете да се погрижи професионалниот тим на овој локал за заедно да создадете моменти кои долго се раскажуваат.