Категории

Направете дезодоранс на природна база за 5 минути

Дезодорансите влијаат штетно на на човековото здравје, а воедно претставуваат и опасност за околината. Во денешно време луѓето стануваат се посвесни за нивното штетно влијание, па затоа бараат дезодоранс на природна база кој не содржи состојки кои го загрозуваат здравјето.

Ова е рецептот со кој ќе направите сами природен дезодоранс за 5 минути! Таквиот дезодоранс е сигурен и за кожата и за здравјето, а мирисот е по ваш избор.

Состојки:

  • 30 гр сода бикарбона
  • 30 гр пченкарен скроб
  • 40 гр кокосово масло
  • неколку капки етерично масло по избор

Изработка:

  • Помешајте ја сода бикарбоната со пченкарниот скроб
  • Додајте кокосово масло и добро промешајте
  • Кога ќе се соединат состојките, додајте неколку капки етерично масло (лимон, лаванда)
  • Промешајте добро и нанесете го на пазувите

 

 

Прегледи:
491
Објавено на:
07.08.2017