Чинот на “држење на диета” обично се одвива на краток рок. Честопати, луѓето ја враќаат тежината што ја изгубиле многу бргу по “завршувањето” на диетата. Зошто диетите не успеваат? Експертите на ова поле велат дека целиот концепт на држењето на ваков вид на диета е обратен, бидејќи се основа на концептот за внесување што помалку храна. Повеќето каприц диети имаат строги, специфични правила.
На крајот на краиштата, овие диети имаат тенденција да бидат неодржливи за долги периоди, а камоли за остатокот од твојот живот. Идејата за лишување, вкоренета во многу диети, ни дава контрола врз ситуацијата на краток рок, што ги наведува луѓето да мислат: “Јас не јадев колачиња, јас сум толку добар”. Оваа краткотрајна исхрана не станува навика и 10 дена – можеби две недели подоцна, ќе видиме дека се намалува самоконтролата, бидејќи се ограничуваат. Вистина е дека има некои работи што треба да ги избегнуваме. Брзата храна, концентрирани слатки, опасни дроги и прекумерна консумација на алкохол секако дека не треба да се консумираат редовно. Но, ние не треба да ги промовираме диетите базирани на лишеност како единствена успешна алатка која ќе обезбеди губење на тежината, бидејќи тоа не е вистина.
Еве неолку совети како да ја намалите телесната тежина без потоа да ја вратите во брз временски период:
- Наместо директно да започнувате со вегетатијанска исхрана, внесете повеќе зеленчук во секој оброк, најмалку три дена неделно. Но, тоа не значи дека не е возможно да станете вегетаријанец – побавната промена ќе ја зголеми веројатноста да трае.
- Наместо 21-дневната детоксикација од шеќер, обидете се полека да се одвикнете од шеќерот кој го внесувате за време на појадокот.
- Наместо веднаш да започнете со трендовската палео диета, само заменете ги сите преработени грицки со исечени моркови, целер и пиперки. На крајот на краиштата, со помали промени во подолг временски период може да ги постигнете истите ефекти кои ги посакувавте отсекогаш, но на одржлив начин.