Категории

Зошто е важно да ги миете забите редовно?

Не можете да најдете време за грижа околу своите заби? Мислите дека нема полоши последици од кариес?

Овие болести се сметаат за директни последици кои настануваат од занемарување на хигиената на забите и устата. Грижата за забите и непцата не само што влијае на здравјето на усната шуплина, туку устата претставува и влез во целиот организам, па така со тек на време се покажало дека лошата хигиена на забите влијае врз здравјето на внатрешните органи. Овие болести се сметаат за последица од лоша хигиена на усната шуплина:

Болести на непцата

Некои луѓе не знаат дека за време на миењето на забите, непцата не треба да болат ниту пак да крварат. Доколку се случува тоа, тогаш најверојатно имате гингивитис кој предизвикува натекување, воспалување и крварење на непцата, а како последица на тоа е бактеријата која се насобира помеѓу забите.

Губење на забите

Просечно, на луѓето на возраст од 20 до 64 години им недостасуваат околу седум заби, а дури 10% од луѓето на возраст помеѓу 50 и 64 години немаат ниеден заб. Нетретираниот кариес и гингивитис влијаат на губитокот на заби.

Непријатен здив (халитоза)

Непријатниот здив е честа и трајна појава која е присутна кај голем дел од луѓето. Халитозата може да биде и симптом на некои сериозни болести, но најчесто е резултат на лоша орална хигиена. По завршувањето на секој оброк во устата помеѓу забите остануваат ситни парчиња храна кои со текот на времето скапуваат и создаваат непријатна миризба и привлекуваат бактерии. Освен забите, непријатниот здив настанува и од јазикот, па затоа е важно кога ги миете забите да не го занемарите и јазикот.

Пневмонија

Кога во усната шуплина се наоѓаат патогени (бактерии), луѓето ги вдишуваат во белите дробови, па на тој начин може да предизвикаат големи оштетувања на белите дробови и телото во целина. Докажано е дека патогените бактерии се една од причините зошто луѓето заболуваат од пневмонија.

Срцеви заболувања

Многубројните истражувања покажале дека има поврзаност помеѓу болестите на непцата и срцевите заболувања. Тие побарале “периодонтитисот” да се вметне како нов маркер (ризичен фактор) за срцеви заболувања, независен од традиционалните маркери.

Прегледи:
595
Објавено на:
16.08.2017