Категории

Немате енергија и не можете да се разбудите? Овој сок е сè што ви е потребно

Нутриционистите ги вбројуваат брокулата и лимонот во едни од најздравите состојки за консумирање. Овој напиток пијте го секогаш кога се чувствувате меланхолично, без енергија и кога сакате да се расоните.

Потребни состојки:

  • 2 јаболки
  • 3 цм корен од брокула
  • 1 рака спанаќ
  • 1/4 свежа краставица
  • непрскан лимон
  • 1 цм свеж корен од ѓумбир
  • коцки лед

Начин на подготовка:

Откако добро ќе ги измиете сите состојки, во соковникот најпрво го ставате излупеното јаболко, па спанаќот, лимонот, ѓумбирот, брокулата, краставицата и на крајот второто јаболко. Сето тоа треба добро да се исцеди, а сокот кој ќе го добиете ставете го во чаша со неколку коцки лед и дополнително измешајте во блендерот.

Прегледи:
417
Објавено на:
17.08.2017