Категории

Трикови за подобрување на меморијата

Сонот е најважен за креирање на сеќавањата, но меморијата може да се “појача”со пиење на многу течности, цртање и многу други активности. Дехидрацијата доведува до збунетост, затоа се препорачува да се пие по две литри течност на ден. Може да пиете и шолја црн чај. Кофеинот ја стимулира менталната обработка и го подигнува расположението. Во продолжение прочитајте ги најефикасните начини за подобрување на вашата меморија.

  • Необични фонтови Познавачите тврдат дека еден од најдобрите начини да се присетите на нешто што сте прочитале е ако е напишано со некој “чуден” фонт. Кога нешто ви е непознато и тешко за читање, присилени сте да се сконценрирате па затоа и го запомнувате тоа полесно.
  • Гума за џвакање Доколку треба да запомните некоја информација за половина час, обиете се да го направите тоа џвакајќи гума за џвакање. Задачите полесно се помнат и џвакањето ги прави луѓето фокусирани на проблемот.

  • Запишување Во денешно време се повеќе луѓето го користат мобилниот телефон како потсетник, но доколку сакате да се сетите на нешто запишете го на парче хартија. Не е важно дали воопшо ќе го прочитате некогаш бидејќи чинот на пишување ќе ве потсети што сте запишале.
  • Музика Слушање музика пред да читате нешто што мора да запомните ќе ве натера побрзо да се потсетите. Но, кога ќе почнете со учење извадете ги слушалките од уши бидејќи буката па дури и доколку е предизвикана од музика, го одвлекува вниманието.
Прегледи:
570
Објавено на:
18.08.2017