Маслото од лаванда е едно од најпознатите благотворни масла во светот поради своите антибактериски, релаксирачки и смирувачки дејства
. Тоа претставува вистински еликсир на убавина на кожата и косата. Помага при смирување на црвенилото и воспалението, ја затегнува и регенерира кожата и помага при отстранувањето на брчките. А исто така е добро познат лек за акни и масна кожа.
Тоа може да се користи во комбинација со други масла или самостојно врз проблематичните делови на лицето, може да се додава во смеси за маски а една од нив е зелената глина во која можете да додавате неколку капки масло од лаванда. За убава и здрава коса, додадете 2-3 капки во вашиот шампон.