Категории

Направете купка од морска сол која го отстранува целулитот

Морската сол ги лечи кожните болести, го стимулира лачењето и ги филтрира штетните материи од организмот.

Ја подобрува циркулацијата, а помага и кај воспалените процеси. Освен што е мелем за телото, позитивно влијае и на нашиот дух: не освежува психички и физички, ги поттикнува позитивните чувства, особено поради високото присуство на магнезиумот кој делува против стрес.

Поради своите состојки морската сол поттикнува лачење на течности од кожата, при што се спречува натрупувањето на течностите, па кожата станува јака, мазна, поцврста, помека и поздрава. Минералите од солта се врзуваат со станиците на кожата и ја прават сјајна и нежна. Од истата причина, купките со морска сол го поттикнуваат слабеењето и доведуваат до отстранување на целулитот и го регенерираат кожното ткиво, поради што имаат антицелулитно дејство. Исто така помагаат при чистење на јетрата, бубрезите и кожата.

Направете купка од морска сол и опуштете се

Купката од морска сол се препорачува да се користи еднаш неделно. Потребно е да потопите од 300 до 500 гр морка сол во жешка вода. Полека додајте ладна вода, така што ќе постигнете оптимална температура (од 35 до 37°C). Опуштете се во кадата од 20 до 30 минути. Не ја запоставувајте ни кожата на лицето. Натопете го пешкирот со солената вода и ставете го на лице. Потоа поминете уште 30 минути во релаксирана и мирна атмосфера.

Прегледи:
702
Објавено на:
24.08.2017