Категории

8 причини зошто да го купите новиот iPhone 8

Со оглед дека американската компанија секоја година претставува нов уред на пазарот во делот на мобилните телефони, таа мора да смисли и соодветна маркетинг кампања за да ги убеди постоечките но и потенцијалните нови корисници да го купат најновиот модел од нив.

Сега кога iPhone 8 и iPhone 8 Plus станаа достапни, Apple почна со маркетиншка кампања за своите најнови телефони. Компанијата ја објави првата реклама во која потенцира осум работи кои ќе ги сакате кај новите iPhone 8 уреди.

Apple сугерира дека iPhone 8 е специјален поради тоа што има најотпорно стакло било кога на некој смартфон, има нов Portrait Lightning режим за фотографии, безжично полнење, најмоќен и најпаметен чип, подобра камера, водоотпорност, нов Retina HD дисплеј со True Tone и функција за проширена реалност.

https://www.youtube.com/watch?v=uPCMjEsTHag

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
370
Објавено на:
26.09.2017