Категории

Природа и водопади на ревијата на Chanel за колекцијата пролет/лето 2018

Chanel и Карл Лагерфилд со своите незаменливи модни сетови досега не одведоа во античка Грција, во Париз и Ајфеловата кула, во сајбер свемирот па дури и надвор од планетата Земја. За пролетната сезона 2018, Карл одлучи да се фокусира на природата а Grand Palais овој пат го претвори во бајковитите Алпи.

 

Жуборот на водата кој на самиот влез ги поздрави гостите, на почетокот на ревијата се претвори во вистински водопад кој го надополни целокупниот пејсаж. Наспроти целата жива природа претставена, низ новата колекција се провлекоа и пластични материјали од кои воглавно беа изработени голем дел од парчињата меѓу кои чизми, кабаници, палта и капи.

Ревијата ја отвори новиот најактуелен модел кој самоуверено нижи успеси – 16-годишната ќерка на супермоделот Синди Крафорд – Каја Гербер.

Исто така како и сите останати и оваа колекција не помина без парчиња од твид кој е омилен материјал на дизајнерот како и на самата основачка, Коко Шанел. Погледнете како сето тоа изгледаше..

Прегледи:
1108
Објавено на:
05.10.2017