Водечките луѓе на „Гранд продукција“ по низата натегања, одлагања, разговори и преговори… конечно успеаја да постигнат договор со радиодифузерите кое трбаше да го емитуват шоуто „Ѕвездите на Гранд. По бројните проблеми, одлуката е следна: „Ѕвездите на гранд“ ќе продолжат да се емитуваат на српската „Прва“ телевизија.
Имено, во програмскиот распоред на телевизијата, во почетокотшоуто беше најавена во 21 часот, а потоа шемата беше променета, за сега повторно на официјалната веб-страница да пишува дека сепак шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ќе биде емитувано.
Што значи дека и ТВ гледачите во Македонија ќе имаат можност да го гледаат, преку телевизијата која ја превзема оваа програма во вид на регионално музичко талент шоу со натпреварувачки карактер во кое и оваа сезона се најавени дека ќе учествуваат неколку македонски пејачки имиња!
Извор : Вистина.мк