Запознавања, состаноци, излегувања и на крајот повторно без успех. Ако се чувствувате како да немате среќа во љубовта, време е за нови правила.
Ако сте во потрага во љубов, а повеќе не сакате да си го трошите времето во празно, воведете ги овие 10 правила во вашиот живот уште денес:
1. Престанете да се сожалувате
Најлошата работа што можете да си ја направите е да се сожалувате себеси бидејќи сте сами. Исполнете се со самодоверба и среќата сама ќе ви се појави на врата.
2. Никогаш не пролевајте солзи
Во ред е да ви биде тешко бидејќи сте раскинале со момчето или не ви одело, но не смеете да си дозволите да плачете. Чувајте си ја енергијата и пронајдете некој кој ве заслужува.
3. Бидете мистериозни
Не морате уште на првиот состанок да му кажувате сѐ на момчето, туку оставете нешто и за понатаму. Така нема да бидете здодевни и тој ќе посака и понатаму да ве гледа и да дознава интересни работи за вас.
4. 30% труд
Во врската мора и двајцата партнери да вложуваат, па ако вие давате 100%, тогаш што останува за него да придонесе? Запомнете, кога станува збор за градење на врска помалку е повеќе.
5. Тој нека ви пријде
Ова особено практикувајте го во текот на првите состаноци. Бидете дама и оставете го тој да ви пријде. Момчето кое знае што сака и што сака да биде со вас, ќе даде сѐ од себе.
6. Не бидете му „на копче”
Сите му откажале па ви се јавува да одите на пијалак? Во ред е доколку плановите некогаш се променат во 5 до 12, но покажете му дека и вие имате свој живот и свои планови. Ако сака да биде со вас, тогаш однапред ќе ве договори и ќе го испланира времето.
7. Не се впуштајте премногу во пораки и јавувања
Освен ако не возвраќате на пораката и повикот. Бидете малку недостижна и оставете тој вас да ве бара. Немојте да му праќате премногу пораки или често да го барате. Како што беше и претходно наспоменато, вложете 30%.
8. Запомнете: И вие имате живот
Откако ќе ви пише порака, почекајте малку и добро размислете што да одговорите. Пронајдете некој друг начин за да ви помине времето.
9. Бидете конзервативни кога е сексот во прашање
Можеби ви звучи како клише, но не заборавајте дека момците сакаат предизвици. Затоа, почекајте додека не се чувствувате дека навистина сакате да бидете интимни со него, а доколку тој ве форсира тогаш можеби и не е вистинскиот.
10. Забавувајте се
Многу жени посакуваат првиот состанок да им се претвори во успешна врска, а кога тоа нема да се случи обично кривицата ја бараат во себе. Започнете да гледате на состаноците како на одлична забава, а ако не успее еден ќе успее друг.
Извор : Попара.мк