Категории

Бијонсе потврди дека ќе го позајми гласот на лавицата Нала во римејкот на “The Lion King”

Американската пејачка Бијонсе ја доби улогата во новиот анимиран филм на Дизни – “The Lion King”.

Бијонсе ќе го позајми гласот на лавицата Нала, додека гласот на Симба ќе го позајми Доналд Гловер. На социјалните мрежи, Бијонсе објави дека напорно работи на новиот проект.

Освен Бијонсе, гласовите ќе ги позајмат и Чиветел Ејиофор (Скар), Сет Роган (Пумба), Џејмс Ерл Џонс (Муфаса) и Џон Оливер (Зазу).

Филмот ќе може да го гледаме во кино салите во јули 2019 година.

Прегледи:
415
Објавено на:
03.11.2017