Анџелина Џоли присуствуваше на свеченоста по повод Correspondents хуманитарната асоцијацијата каде Џоли ја доби наградата за Глобален Граѓанин на Годината.
42-годишната холивудска дива изгледаше баш како таква во долга елегантна црно-бела тоалета која го истакна нејзиното обликувано тело. Како аксесоар избра црни долги сатенски ракавици.
Анџелина пристигна во придружба со четирите деца – 14-годишниот Пакс, 12-годишната Захара, 11-годишната Шајло и 9-годишниот Нокс, додека останатите две деца 16-годишниот Медокс и 9-годишната Вивиен ја бодреа својата мајка од нивниот семеен дом.