Животот се состои од падови и станувања. Понекогаш помислуваме дека одиме надолу, дека паѓаме во удолницата на животот и дека не можеме да запреме.
Сепак, животот претставува и негување на надежта во срцето, дури кога се ни изгледа црно. Не е важно колку јако ќе не „удрат“, туку колку брзо ќе станеме по „ударот“.
Во прилог прочитајте ги приказните од кои ќе извлечете многу силна порака. И секако, трудете се овие приказни да ви бидат водилка во животот.
Приказна за истрајноста
Еден ученик го прашал својот мудар учител како би го советувал ако падне? Учителот на тоа му одговорил дека треба да постојано да станува, се додека е жив, затоа што сите тие што паднале и не станале, се мртви. Тоа е истрајност.
Приказна за вербата
Сите жители на едно село одлучиле да се молат за дожд. На закажаниот ден сите селани се собрале на централниот плоштад, но само едно момче носело чадор. Ете тоа е верба.
Приказна за довербата
Кога си играте со своето дете фрлајќи го во воздух, тоа весело се смее затоа што знае дека ќе го фатите. Тоа е доверба.
За надежта
Секоја ноќ одиме во кревет без никаква гаранција дека следниот ден ќе се разбудиме, но и покрај тоа го навиваме будилникот. Тоа е надеж.