После месеци исполнети со шпекулации за бременоста на една од сестрите Кардашијан, вечерва конечно Клое го покажа трудничкото стомаче.
Од трите сестри само таа немаше дете, иако беше во брак со кошаркарот Ламар Одом и имаше повеќе сериозни врски, но сега го очекува своето прво дете со нејзиниот дечко, 26 годишниот кошаркар Тристан Томпсон. Со споделената фотографија на инстаграм вели дека и се остварила најголемата желба и ја искажува својата благодарност кон својот дечко за неговата љубов и подршка, а најмногу за тоа што ќе стане мајка.
Во моментов ова е трета бременост во семејството, Ким и Канје го очекуваат третото дете преку сурогат мајка во јануари, а исто времено и најмалата сестра Кајли е бремена.
дд