Категории

Совршен десерт кој содржи калинка, лимон и ванила

За подготовка на оваа пита се потребни 45 минути, а може да ја служите како оброк или десерт во комбинација со кафе или чај. Можете да ја печете во текот на целата година…

Состојки:

  • 150 гр бело брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажици шеќер
  • 90 гр масло
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици какао
  • 150 гр темно чоколадо
  • 6 лажици сладок крем

Прелив:

  • 20 гр масло
  • 200 гр сеќер во прав
  • 1/2 дл сок од лимон
  • изрендана кора од лимон
  • калинка

Подготовка:

Измешајте го брашното, прашокот за пециво, какао, сол и шеќер. Додајте го исецканиот путер во брашното за да добиете мешавина со грутки. Додајте го екстрактот од ванила заедно со јајцето. Моделирајте го тестото во форма на топка. Замотајте ја во пластична фолија и оставете ја во фрижидерот половина час. Загрејте ја рерната на 180° C. Калапот за тарт обложете го со хартија за печење, ставете го тестото да се пече 15 минути.

Коцките чоколадо ставете ги во слатката мешавина и мешајте додека не се растопи. Измешајте ги путерот, сокот од лимон, кората и шеќерот во прав. Стврднатото чоколадо прелијте го со глазура и одозгора стевете ги калинките.

Прегледи:
519
Објавено на:
27.12.2017