Категории

Блесна празничната магија во Хотел Руссиа

Новогодишната и божиќната магија ги прави сите места поубави. За повеќето луѓе ова е најубавиот период од годината поради целокупната атмосфера која ја создава зимата и се она што го носи со себе.

А кога креативните луѓе ќе се потрудат околу нивното украсување, крајниот резултат се објекти од кои што застанува здивот. Блескави елки, украси карактеристични за новогодишните празници, сијалички во сите бои. Освен декорациите на куќите и терасите, постои еден објект кој се издвојува од останатите и блеска најсилно на прагот на оваа нова година.

Тоа е Хотел Руссиа. Дека станува збор за навистина совршено украсен хотел говорат и посетителите, кои редовно наминуваат во овој хотел, како и фотографиите подолу. Атмосфера која воодушевува, простор кој освојува уште на прв поглед, услуга која ви овозможува да се почувствувате пријатно и удобно.

Најпрво ќе ве освојат прекрасните светилки на надворешноста на хотелот кои се чини како да се простираат до недоглед, кои даваат посебна магија на хотелот и ве примамуваат да погледнете каков е амбиентот во внатрешноста на хотел Руссиа. Кога ќе влезете во него, ќе ве пречека вистинска новогодишна атмосфера која предизвикува топлина, еуфорија и хармонија. Ова е местото каде што со задоволство ќе ги поминете празничните денови, место кое е создадено за дружење со најблиските, креирање спомени и создавање прекрасни фотографии под одблесокот на светилките.

Вложениот труд, напор и љубов во украсување на хотел Руссиа освојува веднаш, на фантастичен начин го трансформира секое катче на овој престижен хотел, украсувајќи го со новогодишна елка, новогодишни украси и сијалички, сите прекрасни симболи и обележја во духот на новогодишните и божиќните празници.