За многумина, Дракула претставува симбол на страв и ужас, за други е народен херој и голем христијанин. Но, едно е сигурно. Неговото име било Влад Трети Цепеш. Влад е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците.
Тој бил син на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос. Бил наречен „Дракула„во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено на романски значи и ѓавол. Така, значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.
Цепеш исто така во меѓу 15-16 век бил наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Името го добил поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, поради што го направило национален херој.
Еден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.