Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ВТОРНИК (16 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен 

Ќе бидете изненадени од постапката или зборот на еден ваш пријател. Ако сте член на некоја група или друштво, денес се можни изненадни и непредвидливи реакции од ваша или нивна страна. Има услови да запознаете личност со многу интересен карактер. Ова дефинитивно нема да биде досаден ден.

Бик

Ако вашата професија е поврзана со спорт, креативност или пак медицина , работа со деца, денес можете да очекувате плодност и успех. Некој поискусен и повозрасен ќе ве подучува за тоа како да се износите со новите одговорности. Другите Бикови ќе имаат значајни случувања на интимно ниво.

Близнаци

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Рак

Старите љубови и старите партнерства на некаков начин се враќаат во вашиот живот. Не заборавајте дека намената на овие случувања не е обнова на врската или започнување на нешто ново. Космосот создава услови за разрешување на некои нерасчистени прашања. Искористете го мудро следниот период.

 

1 2 3

Прегледи:
871
Ознаки:
· ·
Објавено на:
15.01.2018