Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 22 ЈАНУАРИ – 28 ЈАНУАРИ, 2018)

Овен

На добар пат сте некои несогласувања да ги надминете. Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Среќен ден: Сабота

Бик

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Среќен ден: Среда

Близнаци

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Среќен ден: Четврток

Рак

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања.

Среќен ден: Понеделник

1 2 3

Прегледи:
862
Ознаки:
· ·
Објавено на:
21.01.2018