Минатата година не претставуваше на Евровизија и преку спотот ни соопшти дека е бремена, а потоа пред ТВ камерите во живо беше „запросена“…
Но,откако на 11. октомври нашата позната поп-пејачка Јана Бурческа и нејзиниот сопруг Александар станаа родители, Јана целосно ги остави социјалните мрежи и ретко беше активна.
Но деновиве направи исклучок од тоа, па по речиси четири месеци реши да ги објави привите фотографии од бебето пред јавноста на социјалните мрежи.
Сепак, младата мајка сеуште не е подготвена да го покаже лицето на својата драгоцена наследничка и додека лежи во релаксатор, па го покрила со едно срценце.
Овој пат славата на Дона и ја украде малото бело пудличе, кое позираше до бебето.
Инаку, Јана прави пауза од музичката кариера, а гласот го вежба пеејќи и на Дона. Во изјава за „Женски магазин“ вели дека како родители со сопругот,почнале одлично да се снаоѓаат.
„Како за сефте родители се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами. Најмногу ни помага Дона бидејќи е многу умна и ноќе спие дури и по 6 часа. Срце мајкино!“, вели Јана.