Категории

Ова е совршениот избор за вашата пролетна дестинација

По долгата зима, тоа што неопходно ни е потребно е патување на сончево место како одличен начин за полнење на батериите. Месецот април е совршен период за пролетно патување и уживање во сончевите зраци.

Малта е одличен избор за вашето следно патување поради многубројните предности и искуства кои ги нуди. Азурното сино море, златното крајбрежје, карпите со кои природата си поиграла низ годините кои со своите необични облици го одземаат здивот ќе ви овозможат незаборавно искуство. Архипелаг од три острови во срцето на Медитеранот, необичен спој на култури на бројните народи кои со векови се присутни на овие острови, големо историско наследство и прекрасна природа се единствен спој со кој ке ве маѓепса оваа мала земја.

Медитеранот е познат по совршената комбинација на сонце, море, риба, ореви и маслинки. Симбиоза која се смета за еликсир на младоста и одржување на физичкото здравје.

Доколку сакате да бидете дел од незаборавно патување во убавата Малта, сега имате одлична можност која ја нуди туристичката агенција Флај Туризам, од 11 до 15 април можете да уживате во разгледувањето на Малта за 249 евра со рана уплата до 31.01.2018 година. Во уплатата е вклучени повратен авионски билет, авионски такси, 4 ноќевања со појадок и разгледување на Малта.


По директниот лет за Малта, Флај Туризам ви овозможува шетање низ сликовитите улички на Валета се до Градините „Barracca“од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Градови: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град), Посета на црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разгледување на малото место Атард, познатите градини Св. Антони, претседателската палата. Поаѓање за Св. Луис најголемото туристичко место на Малта.

Следните денови Флај Туризам ви приредува уште многу изненадувања. Гозо – омиленото излетничко место на Малтежаните (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров.

 

Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi. Панорамско возење и прошетка низ улиците на Vittoriosa се до видиковецот каде што се нуди поглед на големото пристаниште ( Grand Harbour), заминување према мирниот залив Marsaxlok – најпознатот рибарско село на Малта познато по типичните малтешки рибарски чамци( Luzzu) укотвени по целиот залив.

Сите овие природни и историски убавини на прекрасната Малта се доволна причина да побрзате и да го резервирате вашето патување во Флај Туризам. Препуштете им се на сончевите зраци и закажете го вашето медитеранско уживање.

Прегледи:
435
Објавено на:
31.01.2018