Категории

Најголеми грешки кои ги правиме со фрижидерот, а не сме ни свесни

Повеќето луѓе по пазарувањето само ги ставаат намирниците во фрижидерот без размислување. Но, постои тактика која може да ви заштеди пари и да го спречи фрлањето на храна.

Кога ја ставаме храната во фрижидерот обично не размислуваме како таа храна може да влијае на онаа која е веќе во фрижидерот, до кога е нејзиниот рок на траење и дали ќе се расипе.

Овошјето и зеленчукот ги чуваме заедно

Многуте посебни полици во фрижидерот треба да се искористат максимално и задолжително да се раздвојат овошјето и зеленчукот, бидејќи овошјето го забрзува процесот на скапување и на останатите намирници. Зрелото овошје произведува етилен, кој може да го забрза расипувањето на храната. Одделете ја храната на посебни полици според нејзиниот состав за да бидете сигурни дека вашите намирници ќе останат свежи.

Месото и морските плодови стојат на горната полица

Оваа навика може да има многу лоши последици врз другите намирници во фрижидерот. Шунката, колбасите, свежото месо и морските плодови, треба да ги сместите во најдолните полици од фирижидерот. Доколку не го направите тоа, крвта од месото може да капе врз друга храна и на тој начин да ја заразите со салмонела или други бактерии.

Се е непрегледно

Голем проблем претставува и начинот на кој ги групираме намирниците. Честопати кога ќе се вратиме од пазарување без размислување ги редиме намирниците на полиците во редот најнапред и не гледаме што има позади. Поради ова, честопати купуваме намирници кои веќе ги имаме дома, но не сме ги забележале во хаотичниот фрижидер.

Фрижидерот е затрупан

Една од главните причини за расипувањето на храната во фрижидерот е зголемената температура која настанува поради затрупувањето со намирници, па поради тоа не може правилно да ги лади. Никогаш не ставајте премногу намирници во фрижидерот, па затоа размислувајте што купувате. Ладниот воздух треба да циркулира низ него, а доколку има премногу храна тоа е невозможно.

 

 

Прегледи:
544
Објавено на:
12.02.2018