Категории

ПРОВЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 26 ФЕВРУАРИ – 04 МАРТ, 2018)

Ова е најдобриот подарок за 8-ми март

 

Овен

Овен

Како што ќе одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

Среќен ден: Среда

Бик

Бик

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа  е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

Среќен ден: Четврток

Близнаци

Близнаци

Пред вас се денови за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

Среќен ден: Вторник

Рак

Рак

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

Среќен ден: Петок

1 2 3

Прегледи:
972
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.02.2018