Категории

Стоматолозите откриваат: Со оваа храна забите ќе ви бидат бели и цврсти

Обидете се да се храните разновидно, во што повеќе бои затоа што тие оброци се здрави и за вашите заби. Освен тоа, хранливите влакна во храната се важни за произведување на плунка во устата.

Избегнувајте да јадете храна која ја гледате на рекламите на ТВ или храна која е веќе спакувана, бидејќи обично тој вид на храна е лош за вашите заби. А кога се забите во лоша состојба, тогаш и здравјето ви е загрозено.

Главни виновници за обоените заби се чајот, кафето и соја сосот. За појадок се препорачува омлет и многу свеж зеленчук, бидејќи тој оброк е полн со витамините А и Д, а тоа е важно за квалитетот на забите  и нивната боја.

Доколку не сакате јајца, јадете јогурт и житарици за појадок. Идеално би било јогуртот да е природен и органски, бидејќи некои од класичните имаат шеќери. Исто така, треба да сте свесни дека јогуртот е прилично кисел, па не треба да го јадете во преголеми количини. Добра опција е кокосовиот јогурт бидејќи содржи здрави маснотии и има антибактериско дејство.

За ручек се препорачува свежа салата и некои протеини, како органски пилешки гради или телешко месо. Оваа храна е одлична за непцата, ако и рибата. Во салатата се препорачува да додадете и малку авокадо и ленено семе бидејќи се богати со Омега 3 масните киселини.

Наместо грицкањето на нездрава храна која лошо делува на забите, се препорачува грицкање моркови, целер, јаткасти плодови. Исто така, доколку сакате нешто благо, изберете овошје, јагоди и боровница.

Совет за свеж здив

Зелениот чај е богат со флавоноиди кои се здрави, вклучувајќи ги и катехините кои имаат антиоксидантни и антиканцерозни ефекти во телото. Од гледиштето на оралното здравје, се покажало дека зелениот чај го спречува развојот на бактериите кои се заслужни за болестите на забите. Полифенолите од зелениот чај, исто така, имаат ефект на дезодоранс на усната шуплина, намалувајќи ја количината на испарливи сулфурни соединенија кои придонесуваат за лош здив.

Прегледи:
460
Објавено на:
05.03.2018