Постојат навики кои ги практикуваме за време на менструалниот циклус кои ги зголемуваат менструалните болки, а кога ќе прочитате кои се тие штетни навики, престанете да ги повторувате во текот на оние денови од месецот.
Пиење
Чаша вино сигурно нема да ви штети, но доколку пиете поголемо количество на алкохол за време на менструацијата, може да предизвикате зголемени болки. Кога пиете, се чувствувате подуено, а на тој начин дополнително го зголемувате притисокот во стомакот. Освен тоа, губите магнезиум кој претставува природен отстранувач на болката.
Внесувате премногу шеќер
Жените често ја користат менструацијата како изговор за внесување на многу блага храна. Но, шеќерот ги зголемува менструалните болки. Кога имате менструација, телото природно има зголемено ниво на шеќери. Освен тоа, шеќерот може да предизвика и одредени воспаленија кои сигурно не ги посакувате.
Внесувате премногу сол
Солта предизвикува задржување на водата, што предизвикува воспаление, а тоа ги зголемува менструалните болки. Брза хранаа, зачинти оброци, или нешто друго со високо ниво на сол, не се препорачува за време на менструацијата.
Не спиете доволно
Поради болките во стомакот, може да се јават проблеми во спиењето, а поради недостатокот на сон, организмот не произведува довволно серотонин. Ова може да ве направи почувствителни на болка. Поради ова, обидете се да се наспиете доволно за време на менструацијата.
Зголемена телесна тежина
Зголемената телесна тежина значи поголеми менструални болки. Жените со вишок килограми се склони кон поболна менструација. Доколку баравте причина плус да се ослободите од вишокот килограми, тогаш ова е сигурно тоа.