Категории

КРАЈ НА МОЛКОТ: Зошто не се распадна бракот за кој се зборува со години?

Кога се дозна дека познатиот рапер и продуцент Џеј-Зи ја изневерил својата сопруга Бијонсе, јавноста не можеше да престане да зборува за тоа, но музичарот не сакаше да каже ни збор се до пред неколку месеци. Тогаш тој одлучи да признае дека е виновен, и оттогаш е погоден од медиумите и јавноста.

Извори блиски до странските медиуми откриле дека двете одлични музички имиња имале многу посериозни брачни проблеми, а познато е дека семејните односи им беа нарушени. Џеј Зи беше особено лут со сестрата на Бијонсе, Соланж Ноулс, која го критикуваше и го обвини за сите неговите грешки што ги направи.

И покрај сите измами и кавги, двојката остана заедно. Многумина се прашуваат како една таква самоуверена дива како кралицата Бијонсе одлучила да остане во таков брак. Поради оваа причина, раперот објасни дека во нивната љубов пронашле уште нешто вредно за да се борат.

,,Решивме да се бориме за нашата љубов, како и за нашето семејство. Ние сакаме на децата да им го покажеме вистинскиот пат и различниот исход од очекуваното”, изјави Џеј-Зи во последното интервју за странските медиуми.

 

,,Па, погледнете, таа е мојата сродна душа. Таа е личноста што ја сакам. Можеш да се заљубиш во некого и да бидеш во врска со некого и да го сакаш, но ако навистина не знаеш што е љубов и ако нема нешто што те движи напред тогаш се случуваат компликации. Притоа овие проблеми може да ги дискутирате или да бидете сигурни дека тие ќе ве уништат еден ден “, објаснува 48-годишниот рапер.

 

Џеј-Зи истакна дека нивната љубов не е создадена во времето кога се прославија, до се она што имаат денеска стигнале заедно, и сето она од што нивната љубов е креирана, дошло од времето кога биле само обични луѓе. Како музичари, нивните мисли и емоции ги изразуваат преку песни, па Јеј Зи се отвори во својата песна ,,4:44″ . Покрај тоа, љубовта кон децата особено ја зајакна нивната врска. Во јуни, минатата година ги добија близнаците Руми и Сер, а исто така ја имаат и шестгодишната ќерка, Блу Ајви.

Прегледи:
435
Објавено на:
19.03.2018