Категории

Како изгледа кога ќе пукне балон полн со вода? Неверојатни моменти уловени во вистинско време!

За да го фатиш вистинскиот момент треба да имаш многу среќа, но за лондонскиот фотограф Edward Horsford тоа е техника.

Тој го има усовршено фотографирањето во тој еден најважен момент. Тој го започнал серијалот во кој слика балони полни со вода во моментот на пукање „Започнав со овие фотографии како предизвик за себе, технички и креативно.“

Неговата цел е да фотографира такви неверојатни моменти кои траат само секунда и се ретко видени.

Фокусиран на позадина во една боја, неговата рака, колоритен балон полн со вода тој го фаќа моментот која балонот распукува и моментот пред милионите капки вода да завршат наоколу.

Но не е така лесно да се направи ова, тој раскажува како фотографира во темна просторија, со светлото фокусирано само на балонот. Специјална техника на осветлување, вистинските агли ги создаваат овие неверојатни фотографии.

  

Прегледи:
667
Објавено на:
20.03.2018