Категории

6 правила за комбинирање на виното и храната

Вино и храна…

Кога се добро искомбинирани, нема поголемо задоволство, но можно е да се направи и грешка. Како да го избереме вистинското вино со одредено јадење?

https://www.instagram.com/p/BfRD-zBHFte/?taken-by=hotelrussia_official

За вкусовите не се расправа, бидјќи не сешто одговара секому. Но сепак ќе ви наговестиме неколку основни правила за комбинирање на вино и оброци. Ова не се правилата што треба да ги земете здраво за готово, може да ги прекршите ако сакате да експериментирате и да пробате нешто ново, но ова ќе ви послужи како добар почеток.

1. Балансирање

Нека виното и храната се подеднакво ,,тешки”. Со други зборови, полесни, деликатните јадења одат подобро со полесни вина, додека храната богата со вкусови добро оди со нешто посилно. На пример, старо правило е дека рибата оди со бело вино и црвено месо со црвено вино. Можете да ја одредите тежината на храната врз основа на маснотиите.

Пример од менито на Хотел Русија:

*Chardonnay Special Selection & Grilled Salmon (лосос на скара)

https://www.instagram.com/p/BajBRXgHoY1/?taken-by=hotelrussia_official

2. Киселото сака кисело

Сите јадења со висока киселост одлично се согласуваат со вино со повисока киселост.

3. На темните вина им се потребни маснотии

Црното вино е богато со честички, што може да предизвикаат горчливо чувство во грлото. Затоа за балансирање е потребна масна храна која ќе го омекни. Со мрсното црвено месо може да пиете убаво селектирано црвено вино.

Пример од менито на Хотел Русија:

*Meriot Special Selection & Pork Filet In Penny Bun Mushroom Sauce ( свинско филе во сос од вргањ)

https://www.instagram.com/p/Bd43mmOHeoT/?taken-by=hotelrussia_official

4. Зачинета храна

Алкохолот ги истакнува маслата што ја прават зачинета храна лута. Затоа, со многу зачинета храна, добро е да се сервира вино со мал процент алкохол, како што е слатка германска ризла, чија лесна сладост помага во борбата со зачинета вода.

5. Десерт

За десертите, изберете полесни вина кои се помалку слатки од самиот десерт.

https://www.instagram.com/p/Be7zzMAHPwP/?taken-by=hotelrussia_official

6. Кој е најистакнат дел од оброкот?

Треба да се совпадне виното со најистакнатиот дел од оброкот. Најчесто треба да обрнете внимание на сосот, а не на главната состојка. На пример, тестенините со различни сосови ќе бараат различни вина, иако главната состојка е иста.

Примери од менито на Хотел Русија:

*Chardonnay Special Selection & Pasta Carbonara (тестенини во сос карбонара)

*Muscat Ottonel Special Slection & Pasta With Penny Bun Mushroom Sauce

https://www.instagram.com/p/Be50GQMn_xJ/?taken-by=hotelrussia_official

Пијте ги вината кои најмногу ви се допаѓаат. Звучи очигледно, зарем не? Вреднo да се напомене уште еднаш.

Сите овие правила се одлични за насока, но нема ништо лошо во нивно кршење и експериментирање. На крајот на краиштата, сите луѓе се различни, и треба слободно да се ужива во она што најмногу ви се допаѓа, и секако на местото со најголем избор и најубава атмосфера- Хотел Русија. Место во кое секогаш може да вкусите нешто ново, да се чувствувате посебни и да го препорачате за секоја пригода.

 

Прегледи:
1184
Објавено на:
27.03.2018