Категории

Најзгодниот затвореник на светот чека дете со богатата наследничка

Џереми Микс (34) стана планетарно познат откако беше уапсен поради поседување на оружје, а неговата слика од полиција се прошири на интернет.


„Најсекси затвореникот“ откако ја отслужи казната стана модел и често учествуваше на големи модни настани.

Исто така, ја освои 27-годишната наследничка на компанијата „Топ шоп“, разгалената Клои Грин, за која често може да се слушне дека не работи ништо, освен што ги троши парите на татко и.

Таа не штеди ни кога е во прашање нејзиниот избраник, па поради тоа многубројните луксузни патувања и забави станаа дел од нивното секојдневие.


Парот е заедно од минатото лето, а се зборува дека сега го чекаат првото дете. Клои често се изјаснувала дека сака семејство.

– Дизајнерот Филип Плејн во една пригода приреди вечера во Монако во моја чест, а таму беше и Клои. Подоцна се аљубив во неа и никогаш не сум бил посреќен. Дури и да нема долар во џеб, пак би се вљубил во неа – изјавил во една прилика Џереми, за кого ова ќе биде трето дете доколку гласините се вистинити.


Имено, од претходниот брак со сопругата Мелиса која била со него и додека бил во затвор, а наводно ја изневерувал со Клои, Микс има два синови за кои ќе плаќа алиментација, а поранешната сопруга ни малку не го штедеше во досегашните интервјуа, што не е ни чудно.

Loved seeing my sons when they came to visit me the other day ❤

A post shared by JEREMY MEEKS (@jmeeksofficial) on


Тврди дека ги напуштил поради кариерата и дека не ги гледа синовите, а освен тоа не плаќа редовно алиментација. Исто така признала дека потполно и го скршил срцето кога ја оставил бидејќи верувала дека ќе бидат заедно до крај.

Прегледи:
406
Објавено на:
28.03.2018