Категории

5 жени постари од 50 години кои доминираат со Инстаграм

Жените кои од ден на ден докажуваат дека годините се само број…

Модната индустрија отсекогаш била опседната со сè што е младо и ново, а проблемот е особено евидентен во денешно време – времето на инфлуенсерите. Поради оваа причина, особено е охрабрувачки фактот што се повеќе и повеќе жени на возраст над 50 години ја користат оваа апликација за да ја изразат својата модна креативност.

Овие пет жени над 50 години даваат секој ден возбуда во нивниот стил.

1.Ерни Столберг, 96
Позната по својата соработка со австрискиот моден бутик Park Wien, во кој со години е редовен модел. Од ден на ден ние сме воодушевени од нејзиниот автентичен и еклектичен стил и нејзината заразна позитивна енергија. Без разлика дали носи дизајнерски  брендови или облека комплетно изработена од кожа, Ерни Столберг се чини дека е подготвена да оди на модна ревија секој пат кога ќе ја видите.

2.Рениа Џез, 52
И покрај тоа што почна да објавува пред само половина година, успеа да собере голем број фанови за краток рок и да го освои Инстаграм со експериментален стил и комбинирање на актуелните трендови како костуми со пастелни бои и преголеми патики со безвременски парчиња што го прават нејзиниот стил толку елегантен и уникатен.

3. Лин Слејтер, 64
Позната како ,,Случајна икона”, оваа професорка по социјална работа стана вистинска интернет-сензација кога се појави пред една година како заштитно лице на Манго. Од ден на ден можете да се инспирирате од нејзиниот Инстаграм профил со авангардни комбинации и експериментални и субверзивни фустани.

4.Лу Кени, 59
Инстаграм профилот на оваа инструкторка за јога е вистинска инспирација што нѐ потсетува колку е прекрасен животот од ден на ден. Нејзиниот стил е едноставен, опуштен и ја прави толку посебна, и таа вели дека нејзината облека го одразува целиот нејзин живот.

5.Џени Ки, 71
Станува збор за неверојатната кариера на една австралиска дизајнерка. Нејзиниот дизајн го носеше принцезата Дијана, а Џени денес благодарение на Instagram ја враќа бојата и сјајот во животот и не инспирира со нејзините шарени и ексцентрични комбинации на костуми.

Прегледи:
395
Објавено на:
31.03.2018