Категории

„Фотографирањето портрети е природен хај и интимен момент кој е скапоцен“ #ИнстаСреќа

Девојка која ви покаже како таа го гледа градот, а тоа е страната на градот која ве тера да го сакате Скопје. Девојка чија прва љубов е портретот, а тоа така добро го прави. Девојка во чиј профил се кријат вистински уметнички дела. Тоа е @poison_grl

Сите нешта што таа ги сака, претставени на нејзин својствен начин, се вистинско уживање за префинетото око. Затоа денес ја дознаваме подобро нејзината фотографска инстаграм приказна.

 

Портрети, архитектура, патувања и мачки….но која е Ерина?

„Ерина е дипломиран филолог, магистар по Филм, телевизија и екранска индустрија, а е фотограф веќе околу една деценија. Љубител на топло време, ладни кафиња, патувања, луѓе, храна и животни.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

Се чини дека секоја твоја фотографија пренесува некоја емоција, различни сегменти од животот и речиси секоја фотографија покажува некоја нежна страна, како што пишуваш во описот на твојот профил „нежната страна на скопскиот брутализам.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

„Тој опис ми го „дадоа“ во едно интервју во Окно пред некоја година и си го присвоив бидејќи мислам дека убаво ме опишува. Фотографијата е уметност, а за мене уметноста е убавина, а убавината ми е нежна и затоа веројатно така пристапувам кон фотографирањето. Мило ми е ако навистина тоа се гледа во моите фотографии.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

Дали е тоа пораката што сакаш да ја пренесеш со фотографија? Која е твојата инспирација?

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

„Секоја фотографија или проект фотографии имаат посебна порака, мислам. Може прикажувањето на убавината и нежноста да е некогаш пораката зад делата, но не секогаш. Инспирација таму наоѓам често, а некогаш инспирацијата ме наоѓа мене неочекувано. Некогаш и сама си ја правам. Зависи од денот веројатно.“ 

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

Портретите се често застапени на твојот профил, навистина на интересен начин знаеш да ги претставиш. Што најмногу сакаш да овековечиш со објективот?

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

„Портретите ми беа прв интерес, прва љубов и се’ уште ми се омилен предизвик. На тесно второ место е архитектурата (и патувањето како составен дел од неа), но нема ништо слично како врската која може да се воспостави меѓу двајца додека се фотографира. Тоа е комплетно природен хај и интимен момент кој е скапоцен.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

Вели дека најчесто користен за фотографирање и е телефонот „Тој ми е секогаш во џеб, но за фотосесии работам со апарат.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

 

„Постпродукцијата е неминовна, па затоа за неа користам доста различни апликации (во зависност од типот на фотографијата). Најчесто користени ми се Photoshop, Lightroom (за телефон и на компјутер), VSCO и Snapseed.“

 

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

Што те прави среќна?

Многу работи! Во моментов најсреќна ме прави доброто здравје и среќата на моите најблиски.

A post shared by Erina Bogoeva (@poison_grl) on

 

Прегледи:
516
Објавено на:
10.04.2018