Категории

На кожата ви се појавуваат овие црвени точки? Еве што се тие

Забележувате мала црвена точка на кожата која претходно не сте ја имале? Опуштете се, сите ги имаме…

Доколку ви се појават црвени точки на кожата се работи за ангиа – мал бениген тумор кој се состои од крвни садови и е потполно безопасен.

Се појавува кај сите луѓе, најчесто поради две причини:

1. Поради годините

Многу луѓе ги добиваат по 30-тата година. Најчесто се работи за многу мали точки кои се наоѓаат на трупот, рацете и рамениците, а жените ги имаат и на градите. Се појавуваат поради промената на кожата и крвните садови и оваа појава се случува со текот на годините.

2. Проблеми со здравјето или лош стил на живот

Ова може да значи дека имате проблем со црниот дроб, крвните садови или хормонски дисбаланс во телото. Сепак, треба да се консултирате со доктор пред да носите било какви заклучоци, бидејќи ова не е случај со сите луѓе кои ги имаат овие точки на телото.

Fotolia | Autor: Fotolia

Кога треба да посетите доктор?

Доколку забележите дека црвената точка неочекувано ја менува големината, обликот или почне да крвари, посетете доктор веднаш. Најдобра превенција против појавата на ангиоми е здравиот живот и балансираната исхрана. Јадете многу овошје и зеленчук и не ги заборавајте здравите маснотии, како оние од авокадото и маслиновото масло. Тоа ќе ви помогне кожата да ви остане млада и здрава.

Прегледи:
1153
Објавено на:
06.04.2018