Категории

Осветлете ја вашата коса на природен начин!

Доколку оваа пролет сакате да ја осветлите својата коса, а притоа да не користите силни фризерски препарати, не грижете се, го имаме решението за вас. 

Покрај добро познатите лимон, камилица, вотка кои можат значително да ја осветлат нијансата на вашата коса, жените се повеќе го практикуваат трикот со сода бикарбона.

Се што треба да направите е да помешате лажичка сода бикарбона со вода, и откако ќе ја измиете со шампон косата, пред да ставите регенератор, измијте ја со овој раствор.

Бидете внимателни при употребата – содата не е најздрава за косата бидејќи делува како бојата, па овој трик смеете да го применувате еднаш во месецот. Би било идеално доколку ја заштите косата со хранлива маска по овој третман.

 

Прегледи:
423
Објавено на:
10.04.2018