Категории

Ѕирнете во раскошниот холивудски дом на Елен ди Џенерс

Оваа прекрасна вила се наоѓа на Беверли Хилс, се протега на речиси 750 метри квадратни, а имавме можност да ја видиме во домашната книга на Елен ди Џенерс напишана за нејзините седум домови и што животот ја научил за нивниот дизајн. Елен и нејзината партнерка, Портија де Роси, живееле во овој дом од 2012-та до 2014-та година, и тогаш го платиле 17,4 милиони долари. 

Вилата е дизајнирана од Хал Левит, архитект на славни личности, кој работел и за Дин Мартин и за Стивен Спилберг, во 1956-та година. Има пет спални, прозорци од подот до таванот, трпезарија со голема тераса со поглед кон базенот и голем двор за одмор.

Покрај тоа, вилата има музичка соба, соба за игра, бар, и една спална соба е претворена во теретана.

Подолу можете да видите како изгледа овој раскошен објект, што сега се продава по цена од 33,7 милиони долари.

Прегледи:
533
Објавено на:
11.04.2018