Категории

Направете сами: Бело чоколадо со јагоди, брзо и едноставно!

Овој рецепт е многу лесен бидејќи белото чоколадо само треба да се растопи, а јагодите да се исечкаат. Ова е одличен начин како да го искористите вишокот чоколадо кое го имате дома и да направите нешто ново.

Состојки:

  • 200 грама бело чоколадо
  • 1 чаша смрзнати јагоди (или малини)

Подготовка:

Потопете ги јагодите и оставете ги да се исушат па исечкајте ги со нож. Растопете ја чоколадата и врз неа ставете ги исечканите јагоди. Смесата ставете ја во фрижидер и откаке ќе се стврдне, чоколадото со јагоди е подготовено за консумирање. Можете да го чувате во фрижидер и до две недели.

Можете да направите и пралини

Се што ви е потребно се калапи во кои ќе ги ставите исечканите јагоди па ќе ги залиете со чоколадо. Вкусоовите можете да ги комбинирате, на пример, дел од нив да ги направите со јагоди, дел со лешници, дел со парчиња црно чоколадо.

Прегледи:
761
Објавено на:
22.04.2018