Категории

Овие намирници никако не смеете да им ги подгревате на вашите деца!

Децата е најосетливи на негативнте промени во храната до кои доаѓа преку подгрејување. Ова се намирниците кои е најдобро да се јадат исклучиво свежо подготвени.

Најздрав начин на консумација на оброците е да се јадат свежо подготвени, но понкогаш поради брзото темпо на живот тоа е невозможно. Сепак, без обзир на практичноста, постојат некои намирници кои е најдобро да се јадат исклучиво свежо подготвени бидејќи при подгревање може да дојде до сериозни проблеми во здравјето.

Морковот и спанаќот се менуваат при подгревање

Малите деца се особено чувствителни на овие негативни промени во намирниците, поради што не се препорачува подгревање на супа или вариво кое содржи морков. Кога подгревате супа или вариво, извадете го зеленчукот од него и згрејте ја само течноста.

Печурките се осетлива намирница

Протеините кои ги содржат лесно се уништуваат, а особено под влијание на ензими и микроорганизми. Доколку печурките не се исчистат добро и по термичката обработка не се стават бргу во фрижидер, можат да се расипат, поради што не е препорачливо нивно подгревање. Сепак, доколку при приготвувањето на оброкот сте користеле свежи печурки кои добро сте ги исчистиле, па по припремата сте ги ставиле во фрижидер но, не повеќе од 24 часа, можете да ги подгреете на температура од околу 70°Ц.

Ориз

Оризот често го загреваме, но треба да избегнуваме да го правиме тоа. Проблемот не лежи толку во самото загревање, туку во чувањет на оризот пред подгревањето. Сировиот ориз, може да содржи бавни бактерии кои можат да предивикаат труење од храна. Кога ќе се свари оризот, одреден број бавни бактерии можат да опстанат и доколку го оставиме оризот на собна температура, можат да се размножат до таа мера што ќе произведат отрови кои можат да предизвикаат повраќање и пролив. Подгрејувањето на оризот не ги отстранува штетните отрови.

Прегледи:
439
Објавено на:
24.04.2018