Категории

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (МАЈ 2018)

Рак

Овен

Кариера и пари: Сонцето ќе премине во куќата на пари во овен во првите две недели од мај, што значи подобрување на финансиската состојба. Венера, која е истоа така лоцирана во овен, може да ви донесе многу подароци или други привилегии. На професионално поле, овој месец ќе биде доста активен.

Здравје: Стресот ќе ви претставува товар, но присуството на Венера во овен ќе ви помогне да гледате подобро на работите. Бидете внимателни, бидејќи ризикот од несреќи и разни инциденти ќе биде висок овој месец.

Љубов: На 3ти мај Венера ќе влезе во овен и че остане до крајот на месецот (29 мај). Со Венера на ваша страна, вашето срце ќе биде топло, врската со партнерот ќе ви биде пријатна, Исто така, ќе посветите внимание на вашиот изглед повеќе отколку порано. Доколку не сте во врска, бидете подготвени за многу пријатни изненадувања.

СоветФокусирајте се на сегашноста, минатото е зад вас.

Бик

Бик

Kaриера и пари: Сонцето, кое ќе биде лоцирано во бик, ќе ви ја зголеми виталноста и самодовербата и ќе оставите добар впечаток на сите. Овој месец ќе носите правилни одлуки на професионално поле, а тоа ќе ви ја подобри и финансиската состојба. Можно е службено патување.

Здравје: Овој месец ќе имате повеќе сила и ќе се чувствувате енергично. Но, сепак, бидете внимателни, бидејќи можни се и сезонски настинки. Состојбата ќе се подобри во вториот дел од месецот.

Љубов: Марс, кој ќе биде лоциран овој месец во бик, ќе ви донесе многу причини за засоволство. Доколку не сте во врска, ќе имате можност месецов да го смените тоа, со тајна врска на почетокот. А доколку се во врска, тогаш очекувајте зацврстување на и онака цврстата врска која ја имате.

Совет:Забавувајте се што е можно повеќе!

Близнаци

Близнаци

Кариера и пари: Ова е месец кој ќе ви се допадне од професионална перспектива. Најчесто, месецов ќе бидете зафатени и ќе работите со полна пареа, но на крај парите ќе дојдат до вас, па ќе го имате задоволството да уживате после вложениот напор и труд. Во последната недела од мај ќе можете најдобро да се организирате и да ги избалансирате обврските.

Здравје: Планетата Меркур, која ќе биде лоцирана во близнаци, ќе ви донесе дополнителна енергија. Внимавајте на болестите кои кружат околу вас и обрнете повеќе внимание на личната хигиена.

Љубов: Ве очекуваат интересни, но сепак не толку романтични моменти овој месец. Врската со партнерот може фа ви биде пријатна и удобна. За оние кои не се во врска, ќе имаат можност да одат на многу забави и ќе имаат можност да запознаат некоја нова личност со која ќе започнат љубовна романса.

Совет: Возете почесто велосипед.

Рак

Рак

Kариера и пари: Овој месец ќе имате можност да присуствувате на неколку важни социјални настани кои ќе влијаат на подобрувањето на вашата кариера. Но, сепак, не сите ќе бидат среќни за вашите успеси. Некој ќе зборува за вас позади вашиот грб, но потрудете се да ги занемарите тие коментари. Што се однесува до парите, планетата Јупитер ќе се погрижи да имате сѐ што ви е потребно.

Здравје: Во првите две недели од мај ќе бидете во добра форма и ќе се чувствувате енергично, но морате да внимавате на стресот. Во последната недела од мај вашата енергија ќе се намали, па потрудете се да најдете начин да ја вратите изгубената енергија.

Љубов: На љубовно поле, ситуацијата ќе биде стабилна. Но, можеби ќе поминете низ моменти во кои вие и вашиот партнер ќе имате различни размислувања. Од друга страна, ќе имате и многу моменти во кои ќе ја искажувате вашата страст. Оние кои се сингл, можеби нема да влезат во врска месецов, но затоа ги очекуваат многу љубовни авантури.

Совет:Бидете трпеливи со вашите пријатели.

Продолжува на страна:  1  2  3

1 2 3

Прегледи:
1610
Објавено на:
30.04.2018