Категории

Зошто социјалните медиуми се особено важни за развој на вашиот бизнис?

Бројот на компаниите во Европската унија кои користат социјални медиуми постојано расте, така што во 2017-та година речиси секоја втора компанија користела таков облик на комуникација.

Какво влијание имаат социјалните медиуми врз вашиот бизнис?

  • Зголемување на свесноста за постоење на брендот
  • Креирање на идентитетот на брендот и нови соработки
  • Подобрување на комуникацијата и интеракцијата со претходно одредена таргет група

Секоја компанија која сака да ја обезбеди и зацврсти својата позиција на пазарот, треба да биде свесна од огромната потреба од  дигитален маркетинг. Промоцијата и информирањето за дејностите на компанијата, најдобро и најефикасно се постигнува преку следните платформи за маркетинг на социјалните медиуми.

Фејсбук

Вашето рекламирање на Фејсбук чини многу помалку. Одредени маркетинг активности кои чинат илјадници денари, можат да се остварат на Фејсбук за многу помалку. Освен тоа, флексибилноста на овој најпопуларен социјален медиум овозможува одредување на таргет групи според возраст, професија, пол до кои сакате да стигне информацијата за вашата компанија. Со отворање на бизнис страна на вашата компанија, имате можност да ја информирате публиката за својата дејност и услуги, преку креативни фотогрфии, видеа и ПР текстови.

Инстаграм

Бројката која достигнува до 800 милиони активни корисници на месечно и преку 500 милиони активни корисници на дневно ниво е доволен показател дека Инстаграм претставува исклучително моќен социјален медиум.

Овој иновативен социјален медиум постојано ја зголемува интеракцијата со своите корисници, создавајќи креативни опции за поголема промоција и афирмација на брендот. Иако Инстаграм претставува медиум за визуелна комуникација, вашиот бренд може да постигне одлична промоција преку споделување од фотографии и видеа од вашиот нов производ, слики од вработените и клиентите, настани кои ги организирате, специјални понуди на вашите производи и услуги, како на вашиот профил така и преку опцијата „story“ која е една од најкористените на овој социјален медиум.

ПР објави

Покрај постојаните информации по социјалните мрежи за вашиот бизнис и услуги, неизоставен дел од рекламирањето на вашиот бренд претставуваат ПР објавите по порталите. Секоја успешна маркетинг компанија, за своите клиенти приготвува ПР објави кои на еден креативен и интересен начин го доближуваат производот поблиску до читателите. ПР објавите се најверодостоен извор, каде што подетално се опишува тоа што го продавате, но на еден суптилен начин, избегнувајќи го агресивното рекламирање.

Графички дизајн

Што е првата работа која го претставува вашиот бренд? Тоа е вашето лого, постер, билборд, визит карти, флаери. Неопходна е потребата од уникатни графички дизајни, логоа и постери, но исто така и дигитален маркетинг чија задача е задача е комбинирање на вербални елементи во една организирана и ефикасна целина.

Веб банер

Објавите по порталите неизбежно се поврзуваат со рекламите во вид на веб банери кои се наоѓаат на маргините на секоја страница. Веб банерите се одлична алатка да ја пренесете вашата порака на широката публика. Тие се најчесто во светли бои со впечатливи ефекти, а графичките дизајнери кои ги создаваат знаат точно каков дизајн е потребен за вашата порака да биде прецизно пренесена. Предноста на веб банерите е во тоа што со само еден клик на нив, тие ве пренесуваат до подеталните информации за производот или услугата.

Сега откако го знаете влијанието на социјалните медиуми врз вашиот бизнис и маркетинг платформите преку кои тоа се постигнува, сосема е јасно дека станува збор за еден сложен процес, кој е невозможно да го водите сами, а притоа успешно да ги завршувате своите тековни обврски. Тоа што ви е потребно е маркетинг агенција која на професионален и креативен начин ќе го прави тоа за вас.

За среќа, ние го имаме вистинското решение за вас. Happiness.marketing е компанија во која ги добивате сите овие маркетинг услуги во еден пакет, соодветно адаптирани според потребите на брендот. Составена е од млади креативци, професионалци и ентузијасти, со голема доза на искуство во полето на односи со јавност, маркетинг, комуникации, креативно пишување.

Преку спроведување на модерни и наменски стратешки модели, Happiness.marketing се стреми кон создавање и опремување на оптимална и професионална структура, која е секогаш спремна да одговори на предизвиците и барањата на клиентите. За успехот и креативноста на Happiness.marketing говорат многубројните клиенти.

Не дозволувајте вашиот труд и работа да останат незабележани, дозволете професионалниот тим на Happiness.marketing да се погрижи да се издвоите како бренд кој ќе биде препознатлив за сите. Целосно интегриран пристап, професионалност, креативност и сигурност се темелите на нашата мисија во претставувањето на секоја компанија.

Прегледи:
1002
Објавено на:
02.05.2018