Од утре па се до 9-ти мај главно случување во градот ќе биде Саемот на книга, кој за прв пат оваа година се одржува во Вип арена Борис Трајковски.
Сите издавачи на едно место ќе им понудат на читателите многу интересни наслови, попусти и подароци. Саемските денови ќе бидат исполнети и со многу гостувања на македонски автори и промоции на нови книги.
Една од главните промоции ќе биде на возбудливиот нов трилер на Стив Бери, „Митот за Линколн“ кој ќе ја има својата промоција на штандот на Култура, а магионичарот – писател Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Ова е роман кој сам ги врти страниците, исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување.
„Митот за Линколн“ е задолжително четиво за сите љубители на книгата, особено за љубителите на мистерии и трилери.
Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.
Култура по повод 30-тиот јублеен Саем на книга, на своите читатели им подарува 30 книги, а за да бидете вие едни од среќните добитници следете ги на фјсбук.
За време на саемот ќе има гостувања на повеќе автори, Ксенија Николова со нејзината „Емотивен манипулатор“ ќе биде на штандот на Култура на 5-ти мај, а тука е и новинарката и писател Санта Аргирова со нејзиниот политички трилер „Времето на Перонов“. На штандот на Култура свои дела ќе потпишуваат и Катерина Серафимовска, Дејан Карапеев и Милијана Павловска.
Култура има да понуди многу интересни и хит наслови, по одлични цени, а за целосно уживање #ВоСветотНаКнигите имаат и многу подароци и изненадувања за своите читатели.