Некогаш филтерите за кафе се користеле исклучиво при варење кафе, а денес ги користат се повеќе љубителите на цвеќињата.
Зошто?
Малите хартиени филтери имаат повеќе намени – а некои се многу корисни за вашите билки и градината. Првиот чекор е ставање на филтер за кафе на дното од саксијата за цвеќе. Треба да се постави помеѓу земјата и отворите на саксијата, каде што обично проаѓа водата и нечистотијата. Кога ќе го поставите правилно, филтерот ќе ја пропушти водата, а ќе ја задржи нечистотијата.
Зошто е тоа корисно?
Многу често нечистотијата ги затвора отворите, а тоа го спречува проаѓањето на вишокот вода, но и протокот на воздух. Тоа може да предизвика пропаѓање на коренот на билката и нејзино овенување.
Постои уште еден трик за кој филтерите за кафе се идеални. Бидејќи впиваат, ќе ја задржат влагата секој пат кога ќе го заливате цвеќето. Нема да има премногу влага за коренот да скапе, туку онолку колку што е потребно. Значи, ако користите филтери за кафе, нема да има потреба да ја заливате билката толку често. И за крај, филтерите за кафе се корисни и при пресадување на билката. Ќе ја задржат земјата да не се разрони наоколу.