Категории

3 причини зошто тој престанува да ви се јавува

Нема да ве изненадиме доколку ви кажеме дека момците многу често престануваат да се јавуваат без некоја особена причина, а веруваме дека веќе знаете колку лесно почнувате да ја барате вината во себе кога ќе се случи тоа. 

Ова се најчестите причини зошто тие престануваат да ви се јавуваат.

Незрели се

Вистинскиот маж ќе и даде до знаење на жената доколку не е заинтересиран за неа, а незрелиот ќе престане да праќа порраки одеднаш. За среќа, зрелоста на мажот не е ваш проблем, нели?

Себични се

Зрелиот маж нема да дозволи да се прашувате зошто одеднаш го нема и каде води сето ова, туку јасно ќе ви даде до знаење дали нешто не е во ред. За разлика од тоа, незрелиот и себичен фраер ќе исчезне бидејќи мисли само на своите потреби и полесно му е да не ги објаснува причините поради кои не се јавува.

Се плашат

Најлесно е да исчезнеш, а мажите кои на тој начин ја завршуваат врската не се ни храбри, ни нескротливи, туку вистински кукавици. Немаат храброст да се носат со раскинувањето, па едноставно одлучуваат да се сокријат.

 

Прегледи:
407
Објавено на:
21.05.2018