Зошто некои мажи ги добиваат првите бели влакна уште во дваесеттите години, додека други немаат ниедно бело влакно до четериесеттите години?
Знаеме дека генетиката игра важна улога во тој процес, но науката сеуште не може да дојде до конкретниот одговор зошто постојат толку изразени разлики во промената на бојата на косата кај одредени мажи во различни периоди од животот.
Пигментот кој се вика меланин е одговрен за бојата на кожата, косата, очите и косата. Меланинот настанува така што го создаваат меланоцитните клетки кои се наоѓаат под кожата. Еден тим составен од научници ги проучувал овие клетки на различни процеси на стареење на човековиот организам, особено на еден специфичен ген, познат како МИТФ фактор. Тој ген го контролира произведувањето на меланин.
Истражувачите најпрво ги правеле тестирањата на глувци и се покажало дека оние со поголем МИТФ ген побргу побелуваат. Поголемото количество на МИТФ генот го намалува бројот на меланоцитните клетки, што предизвикува создавање на помала количина на меланин. А помалку меланин значи повеќе побелена коса.
Исто така, преку истражувањето со глувците се дошло до сознание дека оние глувци со помал процент на МИТФ генот имаат повеќе протеин во имунолошкиот систем кој се нарекува интерферон. Интерферонот му помага на нашето тело да се избори со вирусите кои во телото предизвикуваат настинки и различни воспаленија.
Иако на накои мажи не им одговара таа природн промена на бојата на косата бидејќи имаат чувство дека изгледаат постари, не треба да се грижат. Имено, според едно истражување, дури 72% од жените велат дека мажите се побелен коса се атрактивни.