Категории

Се сомневате дека ве изневерува? На овие места мажите најчесто извршуваат неверство!

Некои места се како создадени за пронаоѓање на партнер за една ноќ. Доколку вашиот партнер вели дека излегува со пријателите, а вашиот сексуален живот не е задоволувачки, постои шанса дека ве изневерува.

Според истражувањата дури 70% од мажите во некој момент од животот ги изневеруваат своите жени. Кога станува збор за местата на кои мажите најчесто влегуваат во вонбрачни активности, ова се најчестите 5 места каде што можете да го видите со друга.

Бар или ноќен клуб

Поради мрачната атмосфера, алкохолот и големиот број на луѓе, клубовите се идеални за започнување на нова авантура. Во истражувањето кое е спроведено, дури 50% од мажите имале авантура за една ноќ откако биле во бар или клуб и запознале жена која им се допаднала.

Канцеларија

Авантурите на работа исто така се многу чести. Дури 40% од мажите кои ги изневеруваат своите жени, љубовниците ги пронашле на работното опкружување. Изневерувањето во овие услови е едно од најчестите.

Момачка вечер

Дали знаевте дека речиси 30% од мажите ги изневеруваат своите избраници во последните моменти од „слободата“ односно на момачката вечер? А се почнува од идејата дека нашле жена за цел живот и дека би можеле да се забавуваат за последен пат. Го оправдувате ли тоа?

Теретана

Тесна облека, мокри тела и подивени хормони. Внимавајте ако вашиот маж пречесто оди во теретана, можеби „случајно“ залутал во женската соблекувална.

На социјалните мрежи

На социјалните мрежи луѓето можат да прават што сакаат, понекогаш дури и да измислат идентитет. Едноставно лесно е да се стапи во контакт со кој и да посакате. Внимавајте доколку вашиот избраник е премногу оптеретен со телефонот и социјалните мрежи, можеби прави нешто што не би требало.

Прегледи:
625
Објавено на:
22.05.2018